Шенен Доерти објави дека ракот ѝ се проширил на мозокот

doerti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американската глумица Шенен Доерти, можеби најпозната по улогата на Бренда во тинејџерската серија „Беверли Хилс 90210“, ги извести обожавателите дека ракот ѝ се проширил на мозокот.

„На 5 јануари, скенирањето покажа метастази во мојот мозок. Вчерашното видео го прикажува процесот на прилагодување на маската што ја носите за време на зрачењето на мозокот. На 12-ти јануари се одржа првиот круг на зрачење”, напиша Доерти споделувајќи видео од себеси в болница.


Потоа им се заблагодарува на своите, како што вели – одлични лекари и неверојатни техничари.

„Но тој страв… Превирањата… Времето и одредените мигови минати тука и сè тоа… Еве како може да изгледа ракот“, додаде таа.

Нејзе ѝ беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година. По мастектомијата, година подоцна болеста беше во ремисија, но веќе во 2019, Шенен дозна дека ракот ѝ се вратил, се проширил и оти е во четврта фаза.

Претходно годинава беше објавено и дека Доерти се разведува од нејзиниот сопруг Курт Исвариенко, со кого се омажи во октомври 2011 година. Нејзината гланоговорничка Лесли Слоун посочи оти причината за разводот е друга жена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK