Маж со нож избодел шест деца во парк во Франција, три се во критична состојба

francija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неколку деца се избодени со нож во напад во парк во близина на езерото Анеси, во југоисточна Франција, јавија локалните медиуми.

Нападот се случил утрово околу 9:45 часот, а во него вкупно осум лица се избодени со нож, додека три се во критична состојба.


На местото на настанот пристигнала вооружена полиција која брзо го совладала напаѓачот, пред да го уапси и пренесе во болница.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер напиша: „Неколку лица, меѓу кои и деца, беа повредени од лице вооружено со нож. Поединецот е уапсен благодарение на многу брзата интервенција на полицијата“.

Регионалниот заменик префект, Антоан Арман, нападот го опиша како „гнасен чин“ и рече дека властите истражуваат.

Француската премиерка Елизабет Борн е на пат кон местото на настанот.

Француските медиуми во меѓувреме пренесоа дека во нападот се повредени шест деца, а жртвите биле на возраст од околу три години.

Француското национално собрание одржа едноминутен молк, а патиштата околу местото на нападот се блокирани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK