Папата Франциск мина мирна ноќ во болница по операцијата, соопшти денеска Ватикан.
На папата вчера му беше извршена тричасовна операција во болницата Гемини во Рим за да му ја санира килата на абдоменот, за која лекарите рекоа дека била успешна, по која, откако ќе закрепне, тој не би требало да има проблеми да патува и да врши други активности, пренесоа британските медиуми.
Претходно беше соопштено дека папата ќе остане во болница неколку дена за заздравување.
Папата, кој во март одбележа десет години од својот понтификат, како поглавар на Римокатоличката црква, често користи инвалидска количка или стап за одење поради болки во колената.
Во јули 2021 година, дел од дебелото црево му беше отстранет за време на операција насочена кон лекување на состојба наречена дивертикулитис.