Стејт департмент: САД засега немаат доволно информации за причината за катастрофата на браната Нова Каховка

patel
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

САД засега не поседуваат доволно целосни информации за причината за уривањето на браната на хидроцентралата Нова Каховка во јужна Украина, изјави синоќа на брифинг за новинарите Ведант Пател, заменик портпарол на Стејт департментот.

– Ќе дадеме целосни информации кога тоа ќе биде возможно, рече Пател.


Според него, неспорен факт е дека 16.000 жители од подрачјето што гравитира кон Нова Каховка и реката Днепар се соочени со резултатите од катастрофата и се во опасност да станат жртви на поплави, додека уште 20.000 жители имаат потреба од преселување.

– Уривањето на браната и последиците од поплавите создаваат сериозни ризици за безбедност и на нукларната централа Запорожје и го загрозува водоснабдувањето на југот од Украина, вклучително и Крим, изјави Пател.

Тој одби да ги коментира објавите во некои американски медиуми дека Вашингтон поседува разузнавачки информации што укажуваат на вклученста на Москва во саботажата на браната.

– Ние продолжуваме да ги поддржуваме нашите украински партнери во нивните напори за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет и во заштита на својот народ, рече Пател, додавајќи дека Вашингтон работи директно со Киев во пружање помош за настраданите од уривањето на браната.

Пател го коментираше предлогот на Турција за оформување меѓународна комисија за истрага на инцидентот, посочувајќи дека државниот секретар Ентони Блинкен треба во најскоро време да одржи разговор со својот нов колега, повторно назначен за министер за надворешни работи на Турција, без да каже конкретни датуми кога тој разговор може да се случи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK