Израелската армија го урна домот на Палестинец осомничен за убиство на двајца Израелци

izrael
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелската армија денеска соопшти дека го урнала домот на Палестинец кој учествувал во двојниот бомбашки напад во Ерусалим во ноември минатата година во кој загинаа две, а беа повредени најмалку 18 лица.

Израелските власти го уапсија Ислам Фарук во декември под сомнение дека поставил бомби во време на зголемено насилство на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим.


Војската објави видео на кое се гледа како војници рано утринава затвораат дел од градот Рамала на Западниот Брег, се слушаат мали контролирани експлозии додека се урива стан.

Врз војниците биле фрлани камења и запаливи бомби, а тие возвратиле.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека еден Палестинец се здобил со сериозни повреди и бил пренесен во локална болница.

Израелската армија ги урива домовите на напаѓачите во обид да спречи понатамошни напади, а критичарите на тактиката предупредуваат дека тоа е колективно казнување.

Двојните експлозии во ноември во Ерусалим следеа по повеќемесечното насилство и честите напади на израелската војска како одговор на палестинските напади врз Израелци.

Израел го освои Западниот Брег во војната во 1967 година заедно со Источен Ерусалим и Појасот Газа.

Палестинците се стремат да основаат независна држава на тие територии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK