Амнести Интернешнл: Талибанците извршија воено злосторство над цивилите во Панџшир

amnesti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во нов извештај објавен денеска Талибанците се обвинуваат дека извршиле „воено злосторство на колективно казнување“ против цивилите во авганистанската провинција Панџшир, јави ДПА.

Извештајот на Амнести Интернешенл со седиште во Британија тврди дека се документирани случаи на вонсудски егзекуции, тортура и масовно произволно апсење и притворање на цивили кои талибанците ги обвинија дека се поврзани со нивната вооружена опозиција.


– Откако талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан во август 2021 година, членовите на безбедносните сили на поранешната авганистанска влада побегнаа во Панџшир со опрема и оружје и се приклучија на Националниот фронт на отпорот (НРФ). Како одговор, талибанците возвратија на заробените борци, и го таргетираа цивилното население во Панџшир за да принудат усогласеност и потчинување, соопшти Амнести Интернешенл.

Панџшир беше единствената провинција за време на владеењето на талибанците над Авганистан во 1990-тите што и се спротивстави на групата. Поранешните авганистански владини сили се надеваа дека ќе ја претворат долината уште еднаш во центар на отпорот против враќањето на Талибанците на власт.

Генералниот секретар на организацијата, Ањес Каламар, ги повика талибанците да престанат да гаѓаат цивили во планинската долина и да ги истражат документираните случаи.

Извештајот, исто така, документира неколку случаи на вонсудски убиства и тортура до смрт на борците на НРФ и цивили од страна на талибанците со детали за жртвите вклучувајќи ја локацијата и временскиот период на егзекуциите.

– Оние кои се соочија со злосторствата во Панџшир, и навистина сите жртви на талибанските злосторства извршени во Авганистан, заслужуваат крај на неказнивоста и чист пат до правдата, вистината и репарации, рече Каламар.

Талибанците не одговориле на барањето за разјаснување на случаите документирани во извештајот, соопшти Амнести.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK