Творештвото на Атанас Ботев претставено во Тирана

kultura
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Творештвото на македонскиот ликовен уметник Атанас Ботев првпат е претставено во Тирана.

Како што информира македонскиот Културно-информативен центар во Тирана, поставката е отворена на 6 јуни.


– Неговите халуцинантни слики со длабока содржина, беа голема провокација за љубителите на уметноста во Тирана. Мнозина констатираа дека се работи за уметност која е сосема нова и оригинална, се наведува во соопштението.

Од македонскиот Културно-информативен центар во Тирана посочуваат дека се дискутирало и за сликите на Атанас Ботев и каде треба да оди денешната нова уметност. ​

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK