Туниската крајбрежна стража извлече тела на девет мигранти од Африка од Средоземното Море по бродска несреќа во водите недалеку од градот Монастир додека се обидувале да стигнат до италијанскиот брег.
Портпаролот на судот во Монастир, Фарид Бен Џаха соопшти дека туниската крајбрежна стража успеала да спаси 29 од мигрантите.
Тој потврди дека во тек е потрага по други бродоломци во водите во близина на брегот на централен Тунис.