Изложба на Александра Вељановска – уникатни парчиња накит, облека и модни додатоци

kultura
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Облека и накит, употребни предмети, „home decor”, свеќници од стакло, брошеви, колани, круни, табакери, марами, корсети и шапки, ќе бидат дел од изложбата на модната дизајнерка Александра Вељановска што ќе се одржи вечер на Зелениот покрив на објектот на Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје.

На изложбата насловена „Moon Light“, Вељановска ќе се претстави со новата колекција и со нејзиното творештво од повеќе фази. Таа е инспирирана од раскошот, магијата и егзотичноста на природата, од флората и фауната, од месечевата светлина и егзотичните птици.


-Предметите, сите уникати, се наменети за сите генерации и за различни пригоди. Венчињата и украсите за коса, ракавиците и шапките се везени и облагородени со полудраги камења и кристали. Венчињата, брошевите, прстените круните, бразлетните, ланчињата, обетките, се изработени главно од полимерна глина и облагородени со полудраги камчиња. Од материјалите, Вељановска користи жоржет свила, памук , пердуви,… Несесерите и тобако торбичките се плетени со техника „крошет“ од високо квалитетенн памучен конец со памучен материјал, а марамите се со висококвалитетна рачно везена монистра, вели дизајнерката Александра Вељановска.

Изложбата е организирана во рамки на годишната програма на Домот на културата „Кочо Рацин“, подржана од Град Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK