Естонскиот претседател Алар Карис и неговиот домаќин, албанскиот претседател Бајрам Бегај, со заеднички став дека „нтеграцијата на Западен Балкан претставува гаранција за стабилноста во регионот“.
Претседателот Бегај на заедничката прес конференција рече дека денеска двете земји се поблиску од кога било една до друга и искажа блаподарност за поддршката на Естонија во процесот на интеграција на неговата земја во ЕУ.
-Нашите две земји, иако географски се оддалечени неколку илјади километри, денес се поблиску една до друга од кога било. Тоа го докажува оваа посета на претседателот, која е прва на еден естонски претседател на Албанија. Тоа е докажано и со сета поддршка што Естонија и ја даде на нашата земја во последните години. Му се заблагодарив на претседателот на Естонија што застана покрај нас и продолжува да стои покрај нас во процесот на интеграција во ЕУ. Интеграцијата во големото европско семејство е нашата главна стратешка цел. Минатата година Албанија ја одржа Првата меѓувладина конференција со Европската унија, благодарение на поддршката од Естонија, рече Бегај.
Искажа убеденост дека оваа година ќе се одржи Втората меѓувладина конференција, повторно преку поддршка на Естонија.
-Интеграцијата не само на Албанија, туку и на целиот регион на Западен Балкан во ЕУ, би била извонредна гаранција за стабилизирана и просперитетна иднина на целиот регион. Во овој контекст, оценив дека Естонија ја играше и продолжува да ја игра својата улога за постабилизиран и поразвиен Западен Балкан. Ова е многу важно, особено во новиот геополитички контекст и глобалната безбедносна ситуација во која се наоѓаме денес, додаде тој.
Според него се фокусирале и на „бруталната и неоправдана руска агресија против Украина, која ги донесе во Европа турбулентните ветрови од вчерашниот ден што мислевме дека сме го оставиле зад себе“.
-Албанија од самиот почеток остро ја осудува оваа агресија. Го подвлеков и фактот дека досегашната визија на НАТО во справувањето со оваа ситуација и неодамнешното проширување на Алијансата со Финска покажаа дека сме посилни од кога било, пообединети и порешителни од кога било да ги заштитиме нејзините вредности, посочи меѓу другото Бегај.
Шефот на естонската држава рече дека е она што е важно да се истакне е патувањето на Албанија и на целиот регион во Европската Унија, нагласувајќи ја поддршката што Естонија ќе и ја даде на Албанија на ова патување.
-Светот околу се промени и се менува. Вашата земја постигна многу и направи важни чекори во европската интеграција. Ве охрабрувам да продолжите на ова патување и нагласувам дека Естонија е голем поддржувач на интеграцијата на Албанија и земјите од Западен Балкан и е подготвена да ги сподели главните реформи. Реформите се клучни за развојот на земјата, интеграцијата во ЕУ дава можности за регионален развој во земјата, рече Карис.
И тој потврди дека со Бегај разговарале и за руската агресија во Украина, каде според него е „важно уште повеќе да се зголеми меѓународното внимание во оваа земја“.