Деновиве интензивно се работи на улицата “Лазо Осмаков” каде во тек е поставување на ивичници. По завршувањето на земјените работи и потребните подготовки, оваа фреквентна улица ќе се асфалтира, информира градоначалникот Марко Колев.
Оваа улица е многу значајна за Велес затоа што преку неа се оди до Центарот за јавно здравје и до ООУ „Блаже Конески“.
-Продолжуваме со подобрување на сообраќајната инфраструктура во Велес и велешко со цел за подобра комуникација на сите жители, најави Колев.