Коњановски: Битолско културно лето почнува на 23 јуни

bitolsko kulturno leto
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот Тони Коњановски на прес-конференција во Општина Битола соопшти дека Битолското културно лето „БитФест“ ќе почне на 23 јуни со спектакуларен настан насловен „Вива Верди“ со повеќе од 130 учесници.

Во античкиот локалитет Хераклеја ќе настапат симфониски оркестар, хор, оперски солисти Горан Начевски, Наде Талевска, Кристијан Антовски, Марија Наумовска, Нико Ѓоргиевски и Зана Абази Рамадани кои ќе исполнат извадоци од најпопуларните опери на Џузепе Верди.


За време на фестивалот ќе се одржат и традиционалните културни манифестации, Солстис, Битола отворен град, Битола Шекспир фестивал, Локум фест, Незаборав и Илинденски денови.

-Со овој концепт, верувам дека и ова лето повторно, сите заедно, културните институции од Битола и нашите изведувачи, ќе успееме да го задржиме вниманието на публиката, на големиот број гости кои ја посетуваат Битола во летниот период, на нашите битолчани и сите заедно, на крајот и на ова издание на БитФест, со суперлативи ќе зборуваме, за уште едно успешно издание, реализирано во доста тешки политички услови, истакна градоначалникот Коњановски на прес конференција која попладнево се одржа во неговиот кабинет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK