Националната установа Центар за култура-Битола објави конкурс за монодрамски текст, со цел како што информираат, да се придонесе во развојот на современата драматургија.
Пристигнатите текстотови ќе ги оценува жири кои ќе додели прва, втора и трета награда, а ќе откупи 5 други монодрамски текстови.
Монодрамските текстови ќе бидат публикувани и промовирани на следниот Интернационален фестивал на монодрама што се одржува во Битола.
Конкурсот е објавен и завршува на 30 септември, соопштија од НУ Центар за култура-Битола.