Дебата „Мониторинг на владеењето на правото за земјите-членки на ЕУ и кандидатите: Премостување на јазот“

sud-sudenje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Институтот за европска политика (ЕПИ) денеска во Скопје организира дискусија на тема „Мониторинг на владеењето на правото за земјите-членки на ЕУ и кандидатите: Премостување на јазот“.

Настанот, како што се посочува, ќе се обиде да даде простор за дијалог за владеење на правото во поглед на пристапување на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан во ЕУ, да овозможи увид во тековниот развој на владеењето на правото во земјите-членки, како и да даде препораки за подобрување на содржината и механизмите на процесот на пристапување.


Воведни обраќања ќе имаат шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаин, заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ и директорката на ЕПИ Симонида Кацарска.

На форумот е најавено учество на претставници од Секретаријатот за европски прашања, МНР, Министерството за правда, од невладини организации кои го следат процесот на пристапување, потоа ретставници од академската фела и независни експерти како и претставници од делегацијата на ЕУ и од земји-членки и земји-кандидатки за членство во ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK