Градежната механизација неделава активно работи на реконструкција на улицата „Архиепископ Михаил” во центарот на градот. По завршувањето на подготвителните работи се отпочна со асфалтирање на оваа улица која е една од најфреквентните во градот, информира градоначалникот Марко Колев.
-Подобрување на улиците и сообраќајниците е една од приоритетите на Општина Велес. Воедно ќе работиме и на останатите главни и споредни улици во Велес и велешко, најави Колев.