Во Штип Фестивал на современа музика


stip festival
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почна првото издание на Фестивалот за современа музика 2023 година, во штипскиот Безистен. Деканката на Академијата за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Златка Митева вели дека на втората фестивалска вечер ќе настапат најдобрите студенти од вокално инструменталниот оддел.

-Вечерва, тие ќе настапат односно ќе изведуваат композиции на различни инструменти. Единствената цел беше промоција на млади талентирани уметници, сегашни и идни студенти при Музичката академија и нормално штипската и македонската публика да може да слушне познати афирмирани уметници од земјава и странство, вели Митева.


Посочи дека Музичката академија при УГД има низа концерти кои се одржуваат секоја година и додаде дека овој Фестивал за современа музика би требало во иднина да стане традиција и да се одржува секоја година во континуитет.

Уписите на Музичката академија при УГД започнуваат кон крајот на месец август и траат до крајот на месец септември. Натавните програми и одделите веќе им се презентирани на идните студенти на отворените денови кои се реализираа претходно. Митева рече дека новитет има на три студиски програми.

-Тоа се за ударачки инструменти, класичен саксафон и класична хармоника. Тоа се новитети на нашата Музичка Академија, а инаку сите студиски програми кои беа понудени остануваат и се надевам дека ќе ги задоволат потребите на идните студенти, додава Митева.

Првото изданиена Фестивалот за современа музика 2023 година е во организација на Музичката академија при УГД. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK