Тренчевска: Системот на мерки на поддршка, помош и заштита на децата треба да се осмисли надвор од институционалниот третман

trenchevska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државата и институциите треба да го осмислат, поддржуваат, организираат и да го контролираат системот на мерки на поддршка, помош и заштита на децата надвор од институционалниот третман, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на конференцијата „Зајакнување на отпорноста кон организираниот криминал и корупција меѓу младите во Југоисточна Европа“.

Тренчевска информираше дека Министерството за труд и социјална политика во изминатите три години, како што рече, интензивно работи на унапредување на современиот концепт на правда на децата преку зајакнување на деинституционализацијата, кој во својата суштина го става акцентот на вон институционалниот третман на децата во ризик и децата во судир со законот, наспроти институционалниот.


– Во јули 2018 година се заврши трансформацијата на Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје, со која сите 25 деца во ризик се преселени во пет групни домови во Скопје каде е обезбедена 24-часовна поддршка од стручни работници. Стручните работници кои работат со децата во групните домови поминаа обука за новиот начин на работење, а заради поквалитетна грижа на децата се вработија и нови стручни работници, рече Тренчевска.

Министерката појасни дека услугите за деца во судир со законот се темелат на современ интередисциплинарен пристап и максимална интеграција на децата, преку почитување на личното достоинство и интегритет на детето и развивање на нивната самодоверба. Таа посочи и дека згрижувањето во групните домови дава поголем и подолготраен ефект од стариот институционален пристап.

На настанот кој трае до утре, покрај Тренчевска, воведни обраќања имаа министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, амбасадорката на Италија во земјава, Андреа Силвестри и директорката на Опсерваторијата на недозволени економии во југоисточна Европа, ГИ-ТОК, Фатјона Мејдини.

Настанот е организиран во рамки на претседавањето на земјава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа, а во заедничка организација на Одделот за транснационални закани на ОБСЕ и Глобалната иницијатива за борба против транснационалниот организиран криминал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK