Столтенберг: Експлозијата на браната во Украина ја покажува бруталноста на руската војна

stoltenberg_342423432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уништувањето на браната Нова Каховка во јужна Украина ја покажува бруталноста на руската војна во Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Уништувањето на браната Каховка денеска става во опасност илјадници цивили и предизвикува голема штета на животната средина“, напиша Столтенберг на Твитер.


„Ова е безобразен чин, кој уште еднаш ја покажува бруталноста на руската војна во Украина“, додаде тој.

Висок украински безбедносен функционер изјави дека уништувањето на браната е нова фаза на руската агресија.

Олексиј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, рече дека Русија преминала од обидот да ја оправда својата инвазија на Украина со, како што ги нарече пропагандни митови, до отворено објавување на своите вистински цели – „да ја уништи Украина, да ги убие Украинците, да ја уништи економијата“ и цивилни „структури за одржување на животот“.

Русија отсекогаш претходно негираше дека гаѓала цивили.

Украинскиот премиер Володимир Зеленски рече дека руските сили ја разнеле хидроцентралата Каховка од внатре.

„Ноќеска во 2 часот и 50 минути руски терористи извршија внатрешна детонација на објектите на ХЕ Каховска. Околу 80 населени места се во зоната на поплавите“, напиша тој на Телеграм.

„Уништувањето на браната не претставува директна закана за снабдувањето со електрична енергија на земјата“, соопшти денеска украинското Министерство за енергетика.

Произведената електрична енергија е доволна за потребите на потрошувачите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK