Кулеба: Ова е најголемата технолошка катастрофа во Европа во последните децении

kuleba_34343343434
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, го нарече уништувањето на браната Нова Каховка „најголемата технолошка катастрофа во Европа во последните децении.

„Русија ја уништи браната Каховка и на тој начин ја предизвика веројатно најголемата технолошка катастрофа во Европа во последните децении. Илјадници цивили се во опасност. Ова е сериозно воено злосторство. Единствениот начин да се запре Русија, најголемиот терорист на 21 век, е целосно протерување од Украина“, напиша Кулеба на Твитер.


Да потсетиме, горниот дел на хидроцентралата Каховка, на југот на Украина, беше уништен со гранатирање, но самата брана на резервоарот не е уништена, изјави Владимир Леонтиев, шеф на управата на Новокаховскиот градски округ.

Бројни канали на Телеграм вечерва објавија дека хидроцентралата Каховка, која е под контрола на руските сили, наводно е целосно уништена, а некои објавија и снимки од урнатата брана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK