Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

ugostitelstvo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Цените на угостителските услуги во мај годинава, во споредба со април, се зголемени за 1.2 %. Во однос на мај лани, пак, растот на цените е 13,4 %. Кумулативно, во периодот јануари − мај 2023, во споредба со истиот период од минатата година, цените на угостителските услуги се покаќени за 13.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, во мај во однос на април зголемување е забележано во групите Храна за 0.7 %, Алкохолни пијалаци за 0.1 %, Безалкохолни пијалаци за 0.9 % и Ноќевања за 3.7 %.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK