Премиерлигашот Тотенхем за долгорочно решение на тренерското место ќе го ангажира Ангелос Постекоглу од шкотски Селтик, јавија денеска британските медиуми.
Според истите извори, австралискиот фудбалски стратег со грчко потекло, се согласил да потпише двегодишен договор со Тотенхем, каде ќе се пресели откако минатата сезона ја освои тројната круна во шкотскиот фудбал.
Постекоглу (57) седна на клупата на Селтик во 2021 година, а претходно беше тренер на јапонскиот прволигаш Јокохама.
Тотенхем ја заврши сезоната во Премиер лигата на осмото место.