Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна, покажува последниот неделен лабораториски извештај на ЈП „Водовод и канализација“.
Контролите се извршени од Секторот за санитарна контрола во периодот од 29 мај 2023 до 01 јуни 2023 на 147 примероци за физичко-хемиска и примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје.
-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, наведува ЈП Водовод и канализација.