Мајами ноќеска на гостински терен го совлада Денвер со 111:108 во вториот натпревар од финалето на НБА-лигата.
Центарот на Нагетс Никола Јокиќ беше најефикасен кошаркар на натпреварот со 41 поен и 11 скока, но и тоа не беше доволно неговиот тим да ги избегне поразот.
Кај „жешките“ се истакна Гејб Винсент со 23 поени.
Резултатот во серијата прв до четири победи е 1:1.
Следниот натпревар ќе се одигра на 8 јуни во Мајами.