Обновата на договорот за нуклеарната програма на Иран засега е надвор од фокусот на администрацијата на Бајден, а поврзано со „внатрешните раздори“ во Иран и улогата на Техеран во подршката на руската инвазија на Украина, изјави Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност во Белата куќа.
На брифингот за новинарите синоќа тој истакна дека САД сеуште се цврсто намерени да не дозволат Иран да развие нуклеарно оружје, и дека претседателот Бајден „сеуште смета дека предимество има дипломатското регулирање на ова прашање“.
Кирби притоа истакна дека Иран не води добронамерни преговори и не покажува „никакви знаци кон придвижување во тој правец“.
Договорот за нуклеарната програма на Иран склучен во 2015 година, официјално познат и како Заеднички сеопфатен план за акција, ја ограничуваше нуклеарната програма на Иран во замена на олабавување на санкциите.
Во 2018 година САД, под тогашниот претседател Доналд Трамп, го напуштија договорот под изговор дека условите биле премногу во полза на Иран. Иранската страна одговори со повлекување од замените обврски соодветно договорот – Техеран започна да развива дополнителни центрифуги, и да збогатува ураниум до повисоко ниво со што ги зголеми резервите на збогатен ураниум.
Криби изјави дека намалениот приоритет за овој проблем во Белата куќа е поврзано со „внатрешните раздори“ во Иран и улогата на Техеран во подршката на руската инвазија во Украина.