Во Собранието седници на неколку комисии

sobranie-komisii
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за прашања на изборите и именувањата, за еднакви можности на жените и мажите, за политички систем и односи меѓу заедниците, за надзор на спроведување на мерките за следење на комуникациите, а работна средба ќе одржи и Комитетот за односи меѓу заедниците.

На Комисијата за европски прашања треба да продолжи расправата за Предлог на законот за академија за судии и јавни обвинители, по скратена постапка.


На Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе продолжи дебата за изборот на членови на Советот за јавни обвинители.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се повеќе точки. Ќе се разгледуваат годишните извештаи за 2022 за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Агенцијата за администрација, на Агенцијата за заштита на личните податоци, на Инспекцискиот совет, како и Годишниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.01.2022 година до 31.12.2022 година.

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе има работна средба со претставници на oпштински Комисии за еднакви можности на мажите и жените.

На дневен ред на Комисијата за надзор на спроведување на мерките за следење на комуникациите е Информација за работењето на Оперативно-техничката агенција.

Комитетот за односи меѓу заедниците ќе одржи информативен состанок по повод 25 години од стапувањето на сила на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK