SPF или производите кои содржат заштита од сонце се нешто за кое постојано се зборува и ни се советува да ги користиме во текот на целата година, а не само во сончевите месеци. Но, се поставува прашањето, дали знаете зошто е тоа така? Кои се вистинските причини зошто заштитен фактор треба да се применува секој ден, во текот на целата година.
Една од главните функции на кожата е да не заштити од штетните УВ зраци и тоа е една од главните причини зошто кремите со заштитен фактор треба да се нанесуваат дури и за време на дождливи денови. Дури и кога е облачно, нашата кожа е под влијание на сончевите зраци, што може многу лошо да влијае на здравјето на кожата и на целиот организам.
Сончевите зраци се причина за промена на бојата на кожата, а исто така го забрзуваат процесот на стареење. Една од најголемите промени што можете да ги направите во вашата дневна рутина за нега на кожата која ќе помогне да ја заштитите вашата кожа е да нанесете крема за сончање на вашата кожа.
Имаме ПЕТ причини зошто треба да ја спроведете оваа промена во негата на кожата денес.
Го намалува ризикот од изгореници
Сите дерматолози постојано укажуваат колку е важна улогата на заштитен фактор кога станува збор за заштита на кожата од сонце и потенцијални изгореници кои би можеле да настанат по подолго изложување на сонце. Ако постојано „горите“ на сонце и упорно не носите заштита, тоа може да доведе до сериозно оштетување на кожата, може да го зголеми ризикот од меланом и да го забрза процесот на стареење.
Ова е една од најочигледните причини зошто треба да нанесувате крема за сончање.
Дејствува превентивно на појавата на брчки
Постојаното изложување на сонце без нанесување на заштитна крема може да предизвика оштетување на еластинот, колагенот и самите клетки на кожата. Со текот на времето, ова може да доведе до предвремени знаци на стареење во форма на брчки, промена на бојата, фини линии и груба кожа. Предвременото стареење, наречено и фото-стареење, често се јавува кај луѓе кои имаат навика или природата на нивната работа е таква што поминуваат многу време на сонце и не користат заштита во раните дваесетти и триесетти. За среќа, тоа може да се спречи со редовна употреба на креми за сончање.
Го намалува ризикот од рак
Користењето креми кои содржат заштита од сонце секој ден, дури и кога е облачно, е еден од најдобрите начини за спречување на рак на кожата. Студијата спроведена во Америка покажа дека секој петти Американец заболува од рак на кожата, а овој ризик може да се намали доколку неколку пати дневно користите креми со најмалку 30 заштитен фактор. Можете да користите и креми со повисок заштитен фактор.
Доколку знаете дека цел ден ќе го поминете надвор, неопходно е кремот да се нанесува на секои два часа.
Спречува промена на бојата на кожата
Понекогаш може да биде многу предизвик да се живее со одредени обезбојувања на кожата, особено кога тие се појавуваат подоцна во животот. Овие обезбојувања на кожата често се нарекуваат „сончеви дамки“, а најчесто се појавуваат на лицето, главата, рацете и подеднакво ги погодуваат мажите и жените. Нанесувањето креми со заштитен фактор може да ја спречи појавата на овие дамки.
Ги намалува воспалителните процеси
Кога кожата е постојано изложена на УВ зраци, може да настане исклучително болно црвенило и воспаление. Ова може да биде особено проблематично за оние кои имаат проблеми со розацеа или псоријаза. Доколку вашата кожа е склона кон црвенило и е чувствителна, тогаш треба да нанесете заштитна крема која содржи и состојки како цинк и титаниум диоксид. Меѓутоа, во овој случај, треба да избегнувате спрејови за сончање кои содржат алкохол, кој може да ја исуши кожата.