Позитивни впечатоци и бројни посетители на Аутопартс Eкспо 2023 саемот за автоделови кој се одржа во Скопје

350104752_997093291452118_8598688195522485155_n
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Аутопартс Експо (Auto Parts Expo) 2023, интернационалниот саем за автоделови ги оправда очекувањата. Одлично организиран, со квалитетни изложувачи оваа сабота сите оние кои имаат некаква врска со индустријата на авто делови можеа да добијат дополнителни информации и да воспостават корисни бизнис релации.







х. Мериот-Скопје на едно место ги обедини производителите и дистрибутери на резервни делови, работилниците за поправка на автомобили, дијагностичките центри, продавниците за автоделови од разни градови од државата, сервисери на моторни возила и сите оние компании и поединци кои поседуваат возен парк и потреба од квалитетна понуда на авто делови.

Организаторот и носител на настанот реномираната Mega Auto Parts која оваа година слави и 25 годишен јубилеј, ги спои врвните европски и светски производители со домашните експерти.

Присутните на саемот имаа можност да се запознаат со најновите иновации и интернационални трендови во индустријата на авто делови, да се сретнат и разменат искуства со врвни експерти, да воспостават нови бизнис релации, и да дојдат до нови идеи за проширување на своето знаење и бизнис.

Беа изложени напредни решенија поврзани со резервните делови, лубриканти, батерии, дијагностика на возила, опрема за работилници итн.

Во изјава за медиуми  г. Агим Горчај, coпственик Мега Ауто Партс истакна дека “Безбедноста и сигурноста во сообраќајот е нешто со што не треба да се прави компромис. Затоа, кога купуваме авто делови тие треба да бидат квалитетни и од проверен и реномиран производител. Кога се купуваат од овластен дистрибутер, тие се посигурни а честопати знаат да бидат и поевтини, но секако и подолгорочно да ја вршат нивната функција. Купувањето делови од производство со сомнително потекло и од неовластени трговци, во никој случај не треба да се смета како заштеда, бидејќи секогаш се покажало дека на долг рок, имаме штета од тоа. Автомобилите побрзо и почесто се расипуваат, а сигурноста и животот на патниците е доведена во прашање”, http://megaauto.com.mk/

Мега Ауто Партс се занимава исклучително само со увоз и дистрибуција на оригинални резервни делови за возила. Производителите на овие делови исто така се добавувачи на големите автопроизводители и нивните делови се користат за прво вградување во возилата. Тоа значи дека деловите се со врвен квалитет, веќе докажан кај возилата и за кои гарантираат големите производители на возила. Мега Ауто Партс увезува делови од брендови кои се директни производители. На овој начин се избегнува сомнителното потекло на производите од компаниите кои препакуваат делови од повеќе производители и истите ги препродаваат под сопствено име. Соработува со повеќе од 500 продавници, сервиси и овластени дистрибутери на автомобили долж целата територија на Македонија и со тоа претставува една од најголемите компании во AFTERMARKET бизнисот со авто делови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK