Една жртва при уривање на трибина на училишен стадион во Ростов на Дон

tribina
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Една жена загина, а 26 лица, меѓу кои 15 деца, се повредени кога вчера се урна трибина за гледачи на стадион на територијата на спортско училиште во рускиот град Ростов на Дон.

Инцидентот се случил за време на детски фудбалски турнир соопшти гувернерот на Ростовската област Василиј Голубев.


Според шефот на градската администрација, Алексеј Логвиненко, причина за несреќата бил силен ветер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK