Меѓународниот ден на детето ќе биде одбележан со претставата „Волшебникот од Оз“

VOLsebnikot oz.JPG1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за култура денеска соопшти дека 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето ќе биде одбележан со продукција на училиштето за театар „Од игра до претстава“. Претставата „Волшебникот од Оз“ ќе се одржи на 1 јуни во 18 часот во Градскиот парк, кај Школка.

– Во чест на Меѓународниот ден на детето, упатуваме отворена покана до сите семејства, деца, институции за грижа на децата, како и до љубителите на културата. Ве очекуваме да ни се придружите заедно да го одбележиме овој значаен ден, да бидеме на европската мапа преку магијата на театарот. Продукцијата ветува дека ќе биде незаборавен настан како за децата така и за родителите, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.


Во „Волшебникот од Оз“ учествуваат Неда Тасевска, Максим Апостоловски, Теофил Сачкарски, Андреј Танушев, Калин Атанасовски, Теона Трошанска, Матеа Кожаровска, Неда Блажевска, Андреа Стојковска, Јосиф Блажевиќ, Јосиф Блажев, Теодора Трајковева, Анастасија Геговска, Дарија Секуловска, Јана Палески, Јана Групчева, Марко Миноски и Ана Марковиќ.

Креативниот тим е составен од преведувачката Мирјана Давчевска, шминкерката Марија Лападатовиќ и сценографите Горан и Александра Сачкарски. Продукцијата е под менторство на Игор Ивковиќ, Марина Поп Панкова, Миодраг Костиќ, Ирена Илиевска и Афродита Кирјаковска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK