Нивото на водата на повеќето реки во земјава се во рамки на просекот за мај, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, исклучок прават реката Вардар кај Јегуновце, Пчиња кај Катлановска Бања, Бабуна кај Богомила и Брегалница кај Штип, каде нивото на водата е над просекот за овој месец.
Водостоите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро не отстапуваат значително.