Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша законот за повлекување на Русија од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа (CFE).
-Руското повлекување на Договорот за конвенционални вооружени сили во Европаво суштина нема да има ефект бидејќи механизмот е одамна застарен, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
На прашањето какво влијание ќе има одлуката на Русија да се повлече од договорот, Песков одговори дека „не треба да има директно влијание, бидејќи механизмот е веќе мртов, а не по вина на Русија“.
Тој додаде дека сега во областа на контролата на оружјето и стратешката стабилност постои „голема празнина што, теоретски, треба итно да се пополни со нови акти на меѓународното право кои би ја регулирале таа ситуација“.
„Тоа е практично во интерес на целиот свет, но бара функционирање на билатералните односи со голем број земји, кои во моментов ги немаме и тоа не е наша вина“, посочи Песков.