Две агенции на ОН, Светската програма за храна и Организацијата за храна и земјоделство , денеска предупредија за ризик од глад во Судан поради војната, и на Хаити, Буркина Фасо и Мали поради ограничувањата на движењето на луѓе и стоки.
Четирите земји им се придружуваат на Авганистан, Нигерија, Сомалија, Јужен Судан и Јемен за кои веќе се соочуваат или се предвидува дека ќе се соочат со глад или други ризици поради „катастрофални услови“.
Извештајот повикува на итна акција за да се спасат животи и работни места.
Покрај деветте земји оценети како најзагрозени, уште 22 земји се идентификувани како „жаришта“ на кои им се заканува акутна несигурност во храната, се вели во соопштението на Светската програма за храна и Организацијата за храна и земјоделство.