Без вода утре од 9 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Ленинова“, „Дебарца“, „Никола Тримпаре“, „Коста Кирков“ и „Борка Талевски“ до булеварот „Св. Климент Охридски“.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен дефект на улица „Ленинова“ без број.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.