Претседателот на САД, Џо Бајден, синоќа пред полноќ му ја честита победата на Реџеп Таип Ердоган и повторниот избор за претседател на вториот круг избори во Турција.
-Со нетрпение очекувам продолжување на заедничката работа како сојузници во НАТО, во однос на билатерални прашања и општите глобални предизвици, напиша американскиот претседател на Твитер, не напоменувајќи за неодамнешните тензии меѓу Вашингтон и Анкара.
Државниот секретар Ентони Блинкен исто така го поздрави Ердоган, нарекувајќи ја Турција „ценет сојузник и партнер во НАТО“.
-Со нетрпение очекувам продолжување на нашата заедничка работа со владата избрана од турскиот народ, напиша тој на Твитер денеска.
Блинкен исто така високо ја оцени излезноста на гласачите во неделата и „дамнешните демократски традиции“ на Турција.
Во изминатите години односите меѓу САД и Турција се усложнија, вклучително и поради репресиите врз неистомислениците на Ердоган, воените операции во Сирија и тесните врски меѓу Анкара и Москва, па дури и по инвазијата на Русија во Украина. Исто така и поради пречките што Анкара ги прави во процесот за членство на Шведска во НАТО.