Мишко Крстевски победник на Фолк фест „Валандово 2023“

folk-fest-valandovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 36.издание на Фолк фест „Валандово“, кое се одржа синоќа во Фестивалската сала „Јанко Узунов“, победи пејачот Мишко Крстевски со песната „Ема убава“ по текст, музика и аранжман на Љупчо Трајковски-Фис.

Второпласиран е композицијата „Ни седум неба ни седум гори“ на Елена Андоновска по музика на Горан Стојановски, текст Борче Нечовски и аранжман на Дарко Илиевски, а третото место според гласовите на публиката во салата и стручното жири го освои песната „Букет од сомнежи“ на Анета и група „Молика“ по музика и аранжман на Миле Барбаровски, текст Ѓорѓи Барбаровски.


Награда за животно дело постхумно му беше доделена на Ѓоко Дончев за неговиот придонес на македонската музичка сцена и вредностите што ги оставил зад себе.

Ревијалниот дел на Фестивалот беше посветен на виртуозот на хармониката и композитор, Милан Завков, во чија чест изведувачи и негови пријатели изведоа музички омаж.

Покрај наградите за најдобрите песни, беа доделени и признанија за најдобар дебитант, текст, аранжман и интерпретација.

Наградите ги врачија уметничкиот директор Живоин Глишиќ и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK