Јувентус првпат по 12 години нема да игра во Лигата на шампионите

juventus
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јувентус не се пласираше во Лигата на шампионите според резултатите од настапот во Серија А и одземањето на бодовите.

Избраниците на тренерот Масимилијано Алегри синоќа загубија од Милан (0:1) во натпреварот од 37. коло на Серија А.


По одземањето на 10 бода поради финансиски малверзации, Јувентус останува со 59 поени во 37 натпревари.

„Старата дама“ нема да игра во Лигата на шампионите за прв пат по сезоната 2010/11. Тогаш тимот го зазеде 7. место во Серија А.

Јувентус се уште има шанси да влезе во европските натпреварувања. Заостанувањето во однос на Рома која е на 6.место е бод, а од петтата Аталанта два бода.

Во последното коло од Серија А, Јувентус ќе игра на гости кај Удинезе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK