Хуманитарен концерт на Камерниот оркестар „Ајда“ во рамки на Денови на македонска музика 2023

humanitaren-koncert
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На последниот концерт во рамки на првата сезона на годинашното издание на „Деновите на македонска музика“, Камерниот оркестар „Ајда“ ќе изведе концерт под диригентство на Ана Спасовска, а средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани за лекување на малата Теодосија Лазаровска. Солист на концертот ќе биде Кирил Трусов.

На програмата ќе бидат одбележани јубилеите на македонските композитори кои оставија траен белег во развојот на македонската уметничка музика: 80 години од раѓањето на композиторот и академик Ристо Аврамовски со делото „Пролетна симфонија“ и 90 години од раѓањето на композиторот и диригент Драган Шуплевски со делото „Македонско капричо“.


Камерниот оркестар „Ајга“ предводен од диригентката Ана Спасовска заедно со виртуозот на виолина Кирил Трусов од Германија ќе го изведат и Концертот за виолина и оркестар во е-мол од Феликс Менделсон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK