Османи: Постапките на полицијата се легитимни

osmani 3
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска оцени дека се легитимни постапките на косовската полиција за обезбедување пристап на нови градоначалници до општините на северот на Косово.

Одговарајќи на твитот на американскиот амбасадор и на изјавите на американските функционери кои ги осудија постапките на властите во Косово и побараа тие веднаш да бидат прекинати, Османи оцени дека суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово се неприкосновени, неотуѓиви и неделиви.


„Постапките на косовската полиција против нелегалните структури и криминалната банда на Вучиќ се легитимни, во исполнување на уставните должности и во одбрана на сите граѓани, без разлика“, рече Османи.

„Стабилноста, долговечноста и успехот на овие акции зависи и од координацијата со сојузниците кои беа и останаа гаранти на нашиот суверенитет и независност. Заедно сме секогаш посилни“, заклучи Османи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK