Приведени две лица поради кривично дело „изнуда“

PRIVEDEN -LISICI
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје денеска околу 16 часот пред трговски центар на подрачјето на Скопје ги лишиле од слобода К.С. (28) и Д.Н. (42) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Според МВР, тие неколку пати со закани и употреба на сила изнудувале пари од 34-годишно машко лице од Скопје. Денеска на оштетениот му го одзеле клучот од неговиот автомобил, по што веднаш се лишени од слобода и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK