Беса и Алтернатива потпишаа декларација за соработка

besa
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерите на Движењето Беса и на партијата Алтернатива, Биљал Касами и Африм Гаши денеска во Собранието потпишаа политичката декларација за соработка, како прв чекор кон создавање опозициски фронт.

Како што соопшти Беса, целта на оваа соработка е „барање начини за артикулирање на албанскиот опозициски глас во Северна Македонија“.


Со потпишаната декларација, како што се посочува во соопштението, се изразува подготвеноста на двете партии за соработка и координирање на политичките активности во насока на градење опозициски камп, кој „првично ќе ги артикулира и штити интегративните стратешки интереси на земјата, како и етнички албански и воопшто граѓански интереси, додека понатаму ќе се насочи кон проширување на оваа соработка и на други нивоа на политичка интеракција“.

– Наоѓајќи се во важна пресвртница, кога процесот на интеграција е во застој, кога политичката корупција стана единствениот успех на оваа Влада, а правата на етничките Албанци повторно се ставаат на неповолна позиција, историскиот момент наметнува сите албански политички сили, но не само политички, да соработуваат за делегитимирање на оваа корумпирана, неспособна и штетна власт за интересите на државата и на Албанците, се наведува во соопштението.

Од Беса посочуваат дека со потпишувањето на заедничката изјава од страна на Касами и Гаши, формално се официјализира договорот за соработка меѓу двете партии, при што се остава простор за приклучување и на други фактори кон овој блок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK