Промоција на романот „Кралот од Алшар и изворот на животот“ од Филип Петровски

kralot-od-alshar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамките на неделата на македонските автори, вечер во 19 часот, „Матица македонска“ од Скопје ќе го промовира романот „Кралот од Алшар и изворот на животот“ од Филип Петровски.

Со јазик прифатлив за широк круг на читатели, авторот пишува за новото време проткаено со чипови, замоци и скриени знаења, кои ја ткаат авантурата што претстои низ Бислим, Кокино и Кожуф, велат од „Матица македонска“.


Романот „Кралот од Алшар и изворот на животот“ е трето прозно остварување на младиот автор Филип Петровски (Куманово, 1993), а ќе го промовираат професорките Соња Тодоровска и Анита Цветковска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK