Дебата за преводот во рамки на меѓународниот фестивал „Денови на прозата“

denovi-na-proza
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово денеска со почетокот во 17 часот, ќе се одржи дебата за преводот во рамки на меѓународниот фестивал „Денови на прозата“.

На дебатата ќе учествуваат двајца писатели и нивните преведувачи: бугарската писателка Елена Алексиева и нејзината преведувачка на македонски јазик, Катица Гаровска, и македонскиот писател Петар Андоновски и неговиот преведувач на словенечки јазик, Сашо Пуљаревиќ, а модератор на разговорот ќе биде Владимир Јанковски.


Во рамки на настанот писателите и нивните преведувачи ќе ги споделат своите перспективи за уметноста на преводот, за преведувањето дела од блиски културни контексти, а ќе ги споделат и своите искуства за преводот на конкретните прозни дела на кои работеле: „Прекинувањето на Самсара“ од Елена Алексиева и „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски.

Учеството на преведувачот Сашо Пуљаревиќ на фестивалот е во рамки на неговиот резиденцијален престој во Скопје, во текот на кој работи на преводот на словенечки јазик на романот „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски. Резиденцијалниот престој на Сашо Пуљаревиќ е поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK