САД изразија загриженост од недемократските акции на властите на Камбоџа во предизборието

department-of-state
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – САД се длабоко зарижени од тоа што властите на Камбоџа спречуваат најголемата опозициска партија во земјата, Сила на светлината, да учествува на националните избори во јули, сопштија денеска од Стејт департментот.

-Измислени правни акции, закани, напади и политички мотивирани тужби кон опозициски партии, независни медиуми и граѓанското општество ги поткопува меѓународните заложби на Камбиџа за развиање мултипартиска демократија, изјави портпаролот Метју Милер.


Соодветно на ова, „САД не планираат да испратат официјални набљудувачи на изборите во Камбоџа во јули, дел од изборен процес што според мноумина камбоџиски и меѓународни набљудувачи не е ниту слободен ниту фер“.

-Силно ги повикуваме камбоџиските власти да запрат со тоа и да обезбедат граѓаните на земјата да учествуваат во фер, мултипартиска демократија соодветно на уставот на Камбоџа и да можат слободно да ги изразуваат своите права, вклучувајќи слободно здружување, мирни собири и изразување без страв од репресии, изјавија од Стејт департментот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK