Карбинци го одбележува патронатот на општината

karbinci
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со свечена седница на Советот и со спортски активности, Општина Карбинци го одбележа празникот „Спасовден“, кој е ден на општината. Вторпат се одржа турнирот во борење на кој учествуваа над 70 ученика, а кој е во организација на двата боречки клуба од општината.

-Сакам да упатам честитки до сите жители во Општина Карбинци по повод патрониот празник на општината. Денеска одржуваме турнир во борење, традиционално по вторпат во организација на двата спортски боречки клуба на територија на Општина Карбинци. Има 70–80 ученика и прераснува во едно убаво искуство, изјави градоначалникот Виктор Паунов.


По повод празникот на градот се одржа и свечена седница во Советот на општината, а предвиден е и ревијален пријателски натпревар меѓу ФК Брегалница и ФК Карбинци, со што во целост ќе се одбележи денешниот ден.

Општина Карбинци е рурална општина со 29 населени места. Според последниот попис, во неа  живеат 3.420 жители, од кои 2.159 се изјасниле како Македонци, 857 како Турци, 15 Роми, 10 Власи и 7 Срби.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK