Струшката гимназија „Др.Ибрахим Темо“ доби ново спортско игралиште

struska gimnazija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за образование Јетон Шаќири и градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко денеска го пуштија во употреба новото спортско игралиште во струшката гимназија „Др.Ибрахим Темо“.

Инвестицијата е финансирана од блок дотациите што ги добива училиштето, во соработка на локалната самоуправа и Министерството за образование.


– Продолжуваат инвестициите во образовна инфраструктура насочени кон подобрување на условите за едукација и спортски активности на децата и младите. Денеска беше свечено отворено новото спортско игралиште во струшката гимназија „Др.Ибрахим Темо“, со што средношколците добиваат модерен простор каде ќе ги реализираат часовите по физичко воспитување и каде ќе можат да се организираат рекреативни активности фудбал, ракомет, кошарка, одбојка, соопшти Министерството за образование и наука.

Ресорниот министер Шаќири на учениците им посакал активно да го користат игралиштето и да постигнуваат високи спортски резултати.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK