Силен дожд со град попладнево во Велес

dozd Veles
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Силен дожд со град попладнево околу 14 часот го зафати Велес. Велешките главни и споредни улици во ниските делови од градот беа поплавени со вода поради високата конфигурација на градот и нерешената атмосферска канализација. Движењето на сообраќајот по главните улици беше отежнато, а посебно на пешаците кои не можеа да ги преминат улиците од едната на другата страна.







Од  Центарот за справување со кризи за МИА информираат дека засега нема пријавено штети од невремето.

Земјоделски стручњаци за МИА, појаснуваат дека поради силниот град очекуваат пријави од земјоделците за оштети на  родот од градинарски култури и овошни дрвца.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK