Меџити: Работиме на набавка на лекот „трикафта“, со овој проблем се занимавам од првиот ден

medziti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека се работи на набавката на лекот „трикафта“, проблем со кој, како што посочи, се занимава уште од првиот ден на неговата функција.

– Работиме на тоа, уште од првиот ден со овој голем проблем се занимавам. Значи донесовме за 12 пациенти, за тоа што се залагаа и премиерот и Владата. Немало комисија таму, немало точно место каде се лекуваат тие пациенти, распределени се насекаде. Ние работиме на тоа да има еден центар, овие пациенти да се лекуваат квалитетно, долготрајно, ефективно. Сега тоа што ни преостана е протоколот што треба да се финализира, одговори тој на новинарско прашање за тоа дали има нови информации околу набавката на овој лек, потребен на лицата со цистична фиброза.


Тој кажа дека треба да поминат некои процедури, па го спомна тука и случајот со лифтови во Тетово.

– Тропам на сите врати во сите институции засегнати во државата, не можам да обезбедам еден лифт набрзина, да ставам еден – единствен, да не се носат пациентите со ќебиња, но, тоа се нашите закони, тоа е нашиот правен систем и јас не можам тука, врзани ми се рацете, рече Меџити.

Министерот по презентацијата на апликацијата „Мое здравје“, за медиумите нагласи дека вложува напори да нема само еден, туку повеќе лифтови во Тетово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK