Пратеничката Мизрахи на состанок на Парламентарниот комитет на ЦЕИ- ПД во Кишињев

mizrahi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на Делегацијата на Собранието на РСМ во Иницијативата за Централна Европа – Парламентарна димензија , Рашела Мизрахи, учествуваше на состанокот на Парламентарниот комитет на ова најстара регионална организација, одржан на 22 и 23 мај, во Кишињев, Република Молдавија.







Тема на состанокт беше „ Енергетската сигурност во земјите членки на ЦЕИ по агресивната војна на Русија против Украина“. Обраќања имаа експерти од ова област, како и сите делегации – учеснички на состанокот.

Пратеничката Мизрахи ги истакна негативните последици на енергетската криза во нашата земја, со зголемивање на цените за енергија, што повлече со себе зголемување на цената на храната, транспортот и други основни потреби, а тоа пак се изрази во инфлација.

Земјата, како што рече, плати повеќе од 2 милијарди евра за импорт на енергија, иако би требало повеќе да се зголеми домашното производство на струја од хидроцентрали и други обновливи извори на енергија. Се на се, подвлече, руската агресија е реална, но не и единствено одговорна за енергетската криза во нашата земја.

На крајот на конференцијата учесниците едногласно усвоија Заедничка изјава, со која ја осудија агресијата на Русија кон Украина и ја изразија својата волја да ја интензивираат својата соработка во консолидација на енергетскиот сектор во регионот и во Европа.

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK