Со средства во износ од 2 милиони денари од Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Василево ќе ја реконструира и надгради филтер станицата на местото Ташли Баир, од која со вода за пиење се снабдуваат четири села.
Градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов и Министерството потпишаа Договор за доделувања на средства за финансирање на овој проект.
-Обезбедивме средства за реконструкција на филтер станицата „Ташли баир“. Постепено, но сигурно работиме населените места во општина Василево да добијат чиста вода за пиење. Конечно ќе почнаме со темелно решавање на проблемот со вода за пиење во општина Василево, изјави градоначалникот Андонов.
Инаку, од филтер станицата Ташли Баир со вода за пиење се снабдуваат жителите од селата Василево, Ангелци, Градашорци и Едрениково, односно околу 1.550 домаќинство со над 4,5 илјади жители.