Од почетокот на тековната седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 20 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад од обемна дива депонија лоцирана на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“, во скопската општина Бутел.
Отстранети се и вкупно 40 кубни метри отпад од повеќе мини-депонии лоцирани на главната улица во општината Ѓорче Петров, на улицата Владимир Полежиновски зад Универзалната сала, како и на улицата Самоилова, во близина на Амбасадата на САД.
Во текот на вчерашниот ден е спроведено и миење и дезинфекција на садовите за одлагање на отпадот заедно со нивните микролокации, на штотуку реконструираната улица „Даме Груев“ во скопската општина Центар, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.